Автобусите на ЈСП денеска и утре по неделен возен ред, со исклучок на некои линии
Поради верскиот празник Богојавление (Водици), денеска јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
По неделен возен ред, како што информираат од ЈСП Скопје, ќе се вози и утре (сабота), со исклучок на посочените линии кои повторно ќе функционираат по саботен возен ред.
Од ЈСП Скопје велат дека денеска дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров, кои ќе работат од 7 до 14 часот, додека утре (сабота) сите билетарници ќе работат со вообичаеното работно време.
Жичницата, пак, сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа