Автомобил излета од патот во Велес - повредени четири млади лица
Вчера околу 23 часот во СВР Велес е пријавено дека на улица „Вардарска“ во Велес, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(21) од Велес, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле неговите сопатници А.Д.(20), Ш.Р.(19) и уште една малолетна сопатничка, сите од Велес, констатирани во Општата болница Велес.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.
27.06.2025 - 12:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа