Автомобил падна во морето во Грција: Возачот загина

 


52-годишен маж почина кога автомобилот што го управувал паднал во морето од непознати причини во пристаништето Мандракија, во Ермиони, Грција.

Полицајци на крајбрежната стража пристигнале на местото на настанот, каде што, со помош на приватно лице, го извлекле возачот од возилото, објави Катимерини. Мажот бил во несвест и веднаш бил однесен во здравствениот центар во Краниди, каде што починал.

Телото потоа било пренесено во Општата болница во Аргос за обдукција.

19.07.2025 - 12:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега