Баба Милица после разорниот земјотрес во Хрватска: Се плашам за мајка ми, мојот сопруг повторува дека сака да е мртов“
Бабата Милица Лончар од Мајска Полјана, каде во минатонеделниот земјотрес кој ја погоди Хрватска загинаа 4 мажи, вели дека не се плаши, затоа што нема повеќе што да изгуби.
„Тука сум со мајка ми и сопругот. Таа има 90 години, сопругот има дијабетес, вели дека би сакал да е мртов, дена не мора да го гледа сето ова“, рекла Милица за хрватскиот портал Индекс,хр
Кога удрил најсилниот земјотрес во вторникот, со јачина од 6,2 степени, Милица подготвувала ручек, но вели дека видела дека се околу неа се руши и истрчала да ги спаси кравите.
Успеала да спаси две, а две не.
За неа кравите се извор за егзистенција, затоа што од нив живеела, продавала сирење и млеко.
„А, сега што ќе правиме“, низ солзи прашала Милица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа