Бајден нема да закажува настани после 20 часот, морал да спие

 

Американскиот претседател Џо Бајден им кажал на демократските гувернери за време на состанокот во Белата куќа во средата дека дел од неговиот план е да престане да закажува настани по 20 часот за да може да спие повеќе, рекоа три извори запознаени со неговите коментари.

Забелешките, први објавени од „Њујорк тајмс“дојдоа кога 81-годишниот Бајден се обиде да увери група од повеќе од 20 државни лидери дека е способен да го победи поранешниот претседател Доналд Трамп во ноември и ефективно да владее уште четири години.

Коментарот остави фрустрирани неколку гувернери во просторијата, изјавија извори за Си Ен Ен, и е една од причините зошто некои присутни беа вознемирени од изјавата за лојалност и ентузијазам што кампањата на Бајден ја дистрибуираше во четвртокот.

Белата куќа и тимот задолжен за кампањата на Бајден веднаш не го коментираа она што го кажал претседателот.

05.07.2024 - 19:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа