Бајден со нов гаф: „Германија ќе ја нападне Украина“?
Џо Бајден, актуелниот американски претседател, повторно го привлече вниманието на светската јавност. Овој пат, тој направи грешка на прес-конференцијата со германскиот канцелар Олаф Шолц и рече дека „Германија ќе ја нападне Украина“.
„Прво да одговорам на првото прашање. Ако Германија… ако Русија изврши инвазија, ако нејзините тенкови и војници повторно ја преминат границата со Украина, тогаш повеќе нема да има Северен тек 2. Ќе ставиме крај на тоа“, рече Бајден.
08.02.2022 - 19:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа