Бајден утре ќе се обрати пред нацијата

Американскиот претседател Џо Бајден утре ќе и се обрати на нацијата за првпат откако се откажа од кандидатурата за реизбор и ја поддржа потпретседателката Камала Харис да го замени како демократски претседателски кандидат.

Бајден денеска на X напиша дека неговиот говор во Овалната канцеларија ќе биде за „она што претстои и како ќе ја заврши работата за американскиот народ“.

Бајден (81) беше во изолација во неговата резиденција во Делавер од крајот на минатата недела откако беше позитивен на тест за Ковид-19.

23.07.2024 - 19:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега