Батерија за електрични возила која трае два милиони километри

 

Производителите на батерии за електрични автомобили вложуваат многу напори за да го продолжат нивниот век на траење.

Компанијата „Contemporary Amperex Technology“ (ЦАТ) е најголем производител на батерии за електричните возила и тврди дека нивните ќелии можат да издржат два милиони километри и оти животниот век им е 16 години.

Секако, ова се однесува на вкупната километража и на вкупниот век на траење, а не на едно полнење.

Батериите денеска издржуваат околу 300.000 километри и оваа технологија поставува нови стандарди, особено кога ќе се земе предвид дека просечен возач годишно поминува околу 20.000 километри.

ЦАТ не открива премногу детали на кој начин произвеле волку долготрајна батерија, но е интересно што Илон Маск одлучил нивните батерии да ги вгради во новите Тесла 3 модели кои ќе се прават во Кина.

Наскоро ќе почне и масовно производство на овие батерии, па ќе може да се види дали тоа што го тврди компанијата е навистина така.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2020 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега