Бебе починало за време на крштевање- Православната црква во Романија одбива да ги промени обредите

 

Романската православна црква е под голем притисок да го смени начинот на крштевање откако бебе починало за време на церемонијата.

Шест недели старото бебе доживеало срцев удар и веднаш било пренесено во болница каде починало неколку часа подоцна, а обдукцијата покажала дека момчето имало вода во белите дробови.

Обвинителството започна истрага против свештеник во североисточниот град Сукеава.

Набргу по веста за смртта на детето, на социјалните мрежи се појави петиција преку Интернет, потпишана од повеќе од 56 000 луѓе за промена на ритуалот на крштевање.

„Смртта на новороденче поради оваа практика е огромна трагедија. Овој ризик мора да се исклучи со цел радоста на крштевањето да триумфира “, се вели во текстот на петицијата.

Локалните медиуми јавуваат дека во последните години имало неколку слични инциденти. Портпарол на романската црква, Василе Банеску, рече дека свештениците може да истурат малку вода на челото на бебето наместо да а ги потопуваат целосно во вода, но надбискупот Теодосије, водачот на традиционалното крило во Црквата, рече дека ритуалот нема да се промени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2021 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега