Бекали: На вакцинираните фудбалери треба да им се забрани да играат
Контроверзниот прв човек на романската ФЦСБ (поранешна Стеауа), Џиџи Бекали, претходно изјави дека е против вакцинација за сузбивање на коронавирусот, а сега отиде чекор понатаму и рече дека ќе им забрани настап за клубот на своите играчи кои ја примиле вакцината.
Имено, Бекли тврди дека играчите кои ја примаат вакцината губат сила, а со тоа и натпревари.
Според него, вакцината против коронавирус е причината за полошите резултати на Клуж и Рапид Букурешт, чии играчи се вакцинирани. Инаку, Клуж моментално има осум бода повеќе од клубот на Бекали на табелата во романскиот шампионат.
-Да имав пиштол и вакцина на масата, попрво би го земал пиштол и би си пукал во глава. Во мојот клуб нема да има вакцинација, рече Бекали уште во октомври минатата година, а сега додаде уште неколку коментари.
– Ако некој е вакциниран, не го терам да игра. Јас не ги дискриминирам луѓето. Тие што беа вакцинирани во ФЦСБ го направија тоа за забава. Сите играчи на ФЦСБ кои се на терен нема да бидат вакцинирани. Имам доверба во медицината, но и во Господ. Не верувам во фалсификувани лекови. Им верувам на научниците. Читам, велат научниците, дека вакцината содржи графен оксид и убива луѓе. Го прочитав тоа. Сите се рака под рака! Сакам моите повеќе да не се вакцинираат, изјави Бекали во емисија, а изјавите ги пренесе порталот Про Икс.
Тој потоа продолжи:
– Ќе видите за две до три години што ќе се случи. Го кажувам тоа што го мислам, а платформата „Ro Vaccinare“ само лаже. Лекарите од мојата клиника велат дека вакцината има смртоносни несакани ефекти. Имунизацијата се стекнува исклучиво природно. Стојам каде имам моќ, не можам да ги спречам оние од Клуж. Треба да ги спречиме оние кои се вакцинирани. Досега тоа не го кажав затоа што се исплашив, но сега луѓето видоа дека вакцината не е добра. Дозволете ми да ви ја кажам вистината сега, бил јасен Бекали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа