Бела Хадид со прскање беше облечена за 8 минути (ВИДЕО)

 

Бела Хадид и случувањата на модната недела во Париз дефинитивно е глвна тема во светот. Светските медиуми пишуваат за настанот кој досега беше не можеше да се види на модните писти, а се однесува на фустанот кој настана за само 8 минути.

Бела Хадид се појави само во гаќички, по што два мажи ја прскаа со бела боја формирајќи го фустанот.

Сега е откриено како креаторите успеале да ја изведат оваа процедураСтанува збор за 3Д технологија која ја смислика компанијата “Fabrican Ltd” од Лондон, a во 2003 ја основал др Манел Торес.

Неговата замисла била да се создаде фустан кој совршено е прилепен за телото, како втора кожа.

Неговата компанија, водејќи се од оваа идеја, денеска произведува „материјал кој се распрскува по телото“, а целиот процес трае само осум минути. Објаснуваат дека материјалот е направен од кратки вкана поврзани со полимери и биополимери  и зелени растворачи кои по прскањето испаруваат, па останува само текстилот.

Верувале или не, она што остави најголем впечаток во јавноста е фактот дека создадениот фустан можете да го перете или да го претворите во друго парче гардероба.

Иако на почетокот намената била исклучително за модни цени, компанијата поврдила дека оваа технологија има неограничена примена.

-Сакаме овој момент да му го посветиме на др Торес чија работа многу ја почитуваме. Чувствувавме дека е апсолутно неопходно тој да го води настапот, а за нас тоа искуство беше магично, истакна креативниот директор на брендот.

04.10.2022 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега