Белата куќа потврди: Русите знаеја дека Бајден ќе го посети Киев

 

САД ја предупредија Русија за посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Украина „неколку часа пред неговото заминување“ за да се избегне каков било конфликт, изјави  советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

– Ги предупредивме Русите дека претседателот Бајден ќе отпатува во Киев. Тоа го направивме неколку часа пред неговото заминување – изјави Саливан.

Саливан, кој исто  беше  во Киев, рече дека поради „чувствителната природа на таа размена“ не сака „да навлезе како тие реагирале или што точно е“ американската порака.

21.02.2023 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега