Белата куќа за посетата на Зеленски: Сигнал до Путин, ќе ја поддржуваме Украина се додека е потребно

 

Белата куќа ја смета посетата на Володимир Зеленски на Вашингтон како „сигнал“ до рускиот претседател Владимир Путин дека САД ќе ја поддржуваат Украина „се додека е потребно“, изјави за новинарите висок претставник на американската администрација.

Зеленски ќе го посети Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и ќе се обрати во Конгресот.

„ Станува збор за испраќање сигнал до Путин и испраќање сигнал до светот дека Америка ќе застане покрај Украина се додека тоа е потребно“, рече претставникот.

Тој рече дека рускиот претседател погрешил кога мислел дека „Украинците ќе попуштат, а НАТО ќе се подели“.

„Тој погреши за тие две точки и погреши за нашата способност да останеме (со Украина). И тоа ќе го покаже оваа посета“, рече официјалниот претставник.

САД ќе ѝ пренесат на Украина противвоздушни ракетни системи „Патриот“ како дел од воениот пакет вреден 1,8 милијарди долари, јавува Асошиетед прес.

САД ќе испратат воена помош од 1,8 милијарди долари за Украина во огромен пакет кој за првпат ќе вклучува батерија ракети Патриот.

Се очекува американските власти официјално да го објават тоа денеска.

21.12.2022 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега