Белен: Уставните измени не се лесен чекор за РСМ
На средбата е нагласено долгогодишното пријателство и одличното ниво на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Австрија, како и развиената взаемна соработка во повеќе сектори.
Поддршката на Австрија за евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија е континуирана и силна, беше речено на состанокот, со појаснување дека Австрија има цврста определба дека сака побрза интеграција на регионот како дел од ЕУ.
Претседателот Ван дер Белен нагласи дека Австрија и понатаму силно и гласно ќе ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, потенцирајќи дека земјата се движи во вистински правец и на тој пат е потребен национален консензус. Во однос на претстојниот процес поврзан со уставните измени, Претседателот истакна дека следниот чекор на државата не е лесен, но Северна Македонија може да смета на Австрија како на сигурен партнер на тој пат.
Премиерот Ковачевски му се заблагодари на австрискиот претседател Ван дер Белен за несебичната поддршка и континуираното партнерство со нашата земја во изминатите речиси три децении, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво, особено во Обединетите нации, како и во рамките на ОБСЕ, каде нашата улога е нагласена оваа година, кога Република Северна Македонија е во улога на претседавач со Организацијата, а чија кандидатура беше поддржана од Австрија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа