Бени Шаќири: Со татко ми немав близок однос, а Нора ја плати цената што сакав да бидам градоначалник
Не постои човек кого сопствената искреност не го чинела скапо, знаејќи дека живееме во свет во кој доминираат итрината, хипокризијата, и бескрупулозноста за да се доде до саканата цел. Тој цврсто одбра и одбира да бидам на страната на отвореноста, храброста, чесноста и искажувањето на сопствениот став, така што со него сите се на чисто.
Рокер во срцето, Бени Шаќири изјавува дека кај нас воопшто нема никаква музичка сцена, а камо ли рокенрол. Освен со својот бенд „Нон стоп“, Бени може да се пофали и со богат соло музички багаж, како и со заедничкиот албум со Златко Ориѓански „Добро утро, госпоѓо“.
Во интервјуто за естрадниот магазин "Backstage", Бени без да штеди зборови раскажува за она што му му беше во фокус изминативе месеци, политиката, за тоа дека цената на обидот да стане прв човек на главниот град ја платила сестра му Нора. Се потсетува на вредностите кои ги научил од покојниот татко, познатиот новинар и уредник во МРТ, Хисен Шаќири, со кој не бил близок но неизмерно го сака и почитува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа