Бербок за налогот за апсење на Нетанјаху: Никој не е над законот
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху може да се соочи со апсење доколку отпатува во Германија, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок.
– Германската влада го почитува законот, бидејќи никој не е над законот, рече Бербок на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Фиуџи, Италија.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) минатата недела издаде налози за апсење на Нетанјаху и неодамна разрешениот израелски министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Државите членки на МКС, во кои спаѓа и Германија, се обврзани да ги извршат налозите за апсење издадени од судот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа