Беше најатрактивна пејачка и ја споредуваа со Памела Андерсон: Индира ги освои жените со оваа изјава за стареењето

 

Индира Радиќ, пејачката на поп и фолк музика, откри како се грижи за својот изглед на нејзини години. Таа изјави дека сака да изгледа како да е на нејзина возраст бидејќи верува дека љубовта кон себе е најважна работа.

Индира порано важеше за најатрактивната пејачка на нашите простори, а многумина ја споредуваа со познатата Памела Андерсон, па токму затоа нејзината изјава дека сака да старее поприродно ги воодушеви сите жени.

Со оглед на тоа што многу нејзини колешки направија естетски операции за да го задржат својот младешки изглед, Индира е посебна бидејќи не се плаши од стареење.

-Навистина не сакам да изгледам како да имам 30 години, а имам 55 години. Сакам да имам брчки, сакам да ме гледаат каква што сум, секако само не сакам да имам бела коса. Ова се некои работи кои можете да ги контролирате, но најважна е љубовта кон себе, изјави Индира.

Пејачката истакна дека нејзината најголема љубов се внуците.

-Нема ништо поубаво од љубовта, а јас ги сакам моите внуци Лукас и Михајло најмногу на светот, изјави таа.

14.02.2022 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега