Беше позната по својата убавина, а денес изгледа целосно деформирано – дрогата и операциите ја уништија

 

Познатата британска актерка Даниела Вестбрук (47) долго време беше мета на потсмев во јавноста поради бројните неуспешни естетски зафати.

Порано таа беше позната по својата убавина, но денес изгледа целосно деформирано.

Таа се прослави во 1990-та година по улогата која и донесе светска слава. Даниела тогаш го воодушеви светот со нејзината природна убавина, но потоа сè тргна наопаку по низата операции.

Пред неколку години, ситуацијата ескалираше, а таа за медиумите откри дека лицето буквално се деформира од силните интервенции.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Tim UK (@tims_special_things)

-Јаболчниците и непцата ми скапуваат затоа што порано бев редовен корисник на кокаин, но и поради лошо направена естетска процедура од 2015 година. Поради тоа добив остеопороза, изјави таа за „Мирор“.

Со цел да ги зајакне своите коски пред операцијата, пиеше седум литри млеко дневно како што беше препорачано.

Зависноста од опијати и зависноста од корекции на крајот ја донесе на улиците.

-Сега живее со пријателка. Финансиски не може да си дозволи ниту да изнајми соба. Им призна на пријателите дека е без пари и дека добива социјална помош. Нејзините пријатели и помагаат, но тие не сакаат да и позајмуваат пари затоа што знаат дека таа никогаш нема да им ги врати,  изјави извор близок на актерката за магазинот „Сега“ пред неколку години.

Даниела се уште е во борба со лице кое се распаѓа и во моментов минува низ процедури со кои се обидува да го реконструира.

Својот напредок го објавува на Инстаграм и буди бура од коментари на јавноста затоа што тврди дека нејзините слики се без филтри. Секој забележува дека тоа е голема лага.

09.07.2021 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега