Бесими од Вашингтон: РС Македонија ќе може да користи средства по поволни услови
РС Македонија упати барање до Меѓународниот монетарен фонд за користење на двегодишна линија за претпазливост и ликвидност. Оваа кредитна линија е достапна за земјите-членки со здрави економски основи, а се користи за ситуации кога има неизвесност како што е во моментов економската криза како резултат на инфлацијата и енергетската криза особено по војната во Украина. Ова го најави министерот за финансии, Фатмир Бесими во интервју за Сител од Вашингтон каде учествува на Пролетните средби на ММФ и Светската банка.
„Ова се значително поповолни услови за нас, во смисла на искористување на овие средства за поддршка на буџетот. Воедно дел од средствата од оваа програма се користат за претпазливост, што значи дека ние ги имаме тие средства, но не ги користиме туку ни служат за зајакнување на нашата позиција на финансиските пазари“, прецизира тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа