Биба Додева заразена со короанвирус: Крш сум, сама се боцкам со клексан во стомак

 

Пејачката Биба Додева веќе седми ден во карантин ја води борбата со ковид-19 и со сите нејзини хронични заболувања се надева дека ќе помине полесно. Таа за ММС објасни низ што поминувала откако ги почувствувала првите симптоми и како ја пребродува короната.

-Крш сум ама се држам. Дај Боже вака да биде, вака и да помине.  Терапија примам цело време ама  малаксана сум многу.  Денес снемав  вкус и мирис.  Болки имам,  како воз да ме прегазил. И последниве два дена навечер треска ме фаќа. Добро е што веднаш почнав со терапија иако матичната не ми одговараше на повиците три дена. Па се обратив на мојата докторка, кардиолог, која ме среди. Инаку мислев дека готово е со мене, ќе отидам. Сега сама се боцкам со клексан во стомак. Страшно ми е ама морам, вели Биба.

Таа сама на себе си ветила дека кога ќе оздрави целиот нејзин протокол ќе го напише  јавно. Од првите симптоми кои ги почувствувала, до се она низ што поминала, како и времето сама со себе во четири ѕида.

-Само да се оправам, да оздравам и се да биде како треба.  Тешко е навистина, но и благодарам на др. Вале Андова.  Таа ја познава ризичноста на вирусот и ги знае моите  моите хронични заболувања. Додека мојата матична упорно ме игнорираше, таа веднаш ме спроведоа за тест кај  др. Милена и др. Мирјана од Инфективна, кои ме примија за преглед. Познавајќи ја цела моја историја на хронични заболувања, со хроничен обструктивен бронхит, хашимото, висок крвен притисок… Мојот кардиолог др. Андова ми даде совети се што треба да правам.   Се  консултирав  со др. Валерија за протоколите и веднаш почнав со терапијата. Оваа недела веќе ја сменив матичната и новиот матичен др. Ненад веднаш ме прими и ме прегледа со сите протоколи.  Фала Богу  сега за сега состојбата е стабилна  ама првиот ден едвај дишев, се борев за воздух, вели Биба и додава:

-Под терапија сум,  витаминска, антибиотска и вирусна. Земам фавипаравир и огромна благодарност до моите пријатели, кои  веднаш ми го обезбедија лекот, бидејќи го нема кај нас. Јас го набавив од Косово,  на своја рака го земав,  по искуство на други лекари кои веќе го имаат примано.  Мислам дека го има во болниците кај нас,но не и во аптеките.  Дај Боже да се оправам поскоро, денес ми е седми ден, па се уште сум внимателна, вели пејачката. Во овие моменти кои и да е стресно, бидејќи стравот и борбата за живот е голем, сепак, Биба е среќна што има луѓе покрај себе да и помогнат во ваква состојба.

Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега