Бил голем заводник, а потоа се открило дека сопругата ја изневерил со 80 жени - актерката изнесе ужасни детали за него

 

Мексиканската актерка 40-годишната Жаклин Бракамонтес која ја паметиме по улогата на Марибел од теленовелата „Руби“ изнела ужасни детали за Вилијам Леви од снимањето на серијата „Магична привлечност“.

Актерот Вилијам Леви (40) беше важи за еден од најпривлечните актери, кој на многу гледачи на мексиканските теленовели мами возидшки. Но овој актер е зафатен, барем официјално. Тој со својата колешка Елизабет Гутиерез (41) е во брак од 2003 година, а парот има две деца.

Иако е оженет, „не седи мирен“, а за тоа е свесна и неговата сопруга, а неодамна им откри на мексиканските медиуми како им завршила љубовта.

Локалните медиуми пишуваат дека бракот го решила актерката Барбара Лопез (28). Двајцата се состанале на заеднички проект, а дел од актерскиот сет вели дека хемијата проработела меѓу нив.

– Едвај чекаше да ја однесе во кревет. За време на паузите за снимање, постојано навалуваше а таа не можеше да му одолее. Тоа беше само интимен чин за него, но тој го плати тоа со губење на мајката на неговите деца – рекол изворот, додавајќи дека Вилијам еднаш се пофалил дека ја изневерил сопругата со дури 80 жени.

Како што пренесуваат мексиканските таблоиди, на сетовите Вилијам често ги заведувал колешките, а меѓу оние кои го разоткриле била и партнерката од серијата „Маична привлечност“.

„За време на снимањето на серијата, Вилијам ме наговараше да спиеме заедно. Со сите сили се трудеше да ме одвлече во кревет, дури еднаш и ми понуди пари за секс. Го одбивав со гадење, не можев да верувам дека така се однесува човек кој е наводно во среќна врска. Едвај ги чекаше сцените каде се бакнува и нежно допира со колешките. Ќе искористеше можност и правеше чекори кои не беа неопходни. Еднаш ми шепна на уво: „Се надевам дека следниот пат ова нема да мора да го глумиме, туку дека ќе водиме љубов“, рекла Жаклин, истакнувајќи дека со колегата не останала во најдобри односи по завршувањето на серијата.

Во медиумите се појавија различни обвинувања , а исто така се појавија нови проблеми откако беше обвинет за заведување на малолетничка во хотелска соба и присилување за интимна врска.

Обвинението подоцна беше отфрлено, но Вилијам никогаш не негираше дека спиел со неа, но изјави дека го излажала за тоа колку години има.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2020 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега