Били Џоел: Тејлор Свифт е „Битлси“ на оваа генерација
Славниот музичар Били Џоел ја спореди кантри-поп-ѕвездата Тејлор Свифт со култниот бенд „Битлси“ во едно интервју во кое зборуваше за неа и за британската поп дива Адел.
Запрашан за негово мислење за актуелните уметници, тој изјави за „Ју-ес тудеј“: „Адел е феноменална пејачка, еден вид троубек на Барбара Стрејсенд“.
„Тејлор е многу талентирана девојка, и е продуктивна, и постојано смислува одлични концепти и песни. Мора да ѝ дадете високи оценки. Таа ја знае музиката и знае да пишува. Таа е како Битлси на оваа генерација.“
73-годишниот татко на две ќерки Реми (4) и Дела Роуз (6) со сопругата Алексис Родерик, призна дека во денешно време не слуша многу поп музика.
Тој додаде: „Моите деца слушаат поп музика, и кога сум во автомобил со нив ме тераат да го вклучам радиото и некогаш ќе слушнат нешто за мене. Еднаш дојде Дела дома од училиште и рече: „Тато, сите знаат кој си!“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа