Биографскиот филм за Мерлин Монро доби „Златна малина“ за најлош филм

 

 

„Русокоса“ беше прогласен за најлош филм на овошното анти-признание „Златна малина“ минатиот петок.

Биографскиот филм за Мерлин Монро ја освои сомнителната чест пред „Добра жалост“, „Пинокио“, „Ќерката на кралот“ и „Морбиус“ на годишното доделување на „Златна малина“ – која оддава признание на најлошите во светот на филмот – како и за најлошо сценарио за сценаристот и режисер Ендрју Доминик.

Психолошката драма од Ендрју Доминик со Ана де Армас во главната улога е адаптација на истоимениот роман на Џојс Керол Оутс. Заплетот на филмот е уметничка интерпретација на биографијата на Монро. Филмот е оценет како лоша психолошка драма со нагласена сексуална содржина.

Организаторите на пародичните филмски награди коишто им „оддаваат почит“ на најлошите филмски остварувања во изминатата година, одлучија да му дадат ваква статуетка на „Русокоса“ (Blonde). Овој филм, кој беше номиниран за осум „малини“, е оценет како мизогин и лажлив и дека бесрамно го искористува споменот на покојната Мерлин Монро.

Организаторите на т.н. антинагради одлучија да му доделат дури две вакви статуетки на Хенкс.

Хенкс дома однесе награда за најлош спореден актер и најлоша комбинација на екранот – за себе и за неговото лице од латекс – за филмот „Елвис“, при што организаторите забележаа дека холивудскиот миленик ја поминал својата кариера развивајќи ги своите актерски способности до голем успех, но дека отишол еден мост предалеку со својата верзија на полковникот Том Паркер, менаџерот на Елвис Присли, во инаку одличниот биографски филм за кралот на рокенролот.

Том исто така беше номиниран за најлош актер за улогата во „Пинокио“, но го победи ѕвездата на „Морбиус“, Џаред Лето, чија колешка Адрија Арјонасе закити со наградата најлошат споредна женска улога.

Антинаградата „Златна малина“ се доделува од 1981 година за најлоша глума, сценарио, режија, филмска песна и филм на годината. Се смета за додаток на „Оскарите“ и традиционално се одржува ден пред доделувањето на наградите на Академијата за филмски уметности и науки.

 
13.03.2023 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега