Битиќи: Граѓаните живеат се потешко - Мерката со маржите не е доволна

 

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма истакна дека граѓаните живеат се потешко, а како што вели, Владата не превзема мерки.

-Кога го имате тој механизам, да кажете дека не можете да интервенирате тогаш вистина е многу сериозен проблем во функционирањето на институциите и на целокупната влада, тоа е бегање од системско решение на проблемите. Граѓаните секојдневно плаќаат повеќе, граѓаните секојдневно живеат победно, него што живееле вчера, а владата дава грејс период на спроведување на закон. Каков е тој грејс период во спроведување на законите на штета на граѓаните? Цените ќе паднат за 30% пониско и ќе се реши проблемот системски само со примена на Законот за нефер трговски практики, истакна Битиќи во „Топ тема” на телевизија Телма.

Според него, мерката на Владата за замрзнување на маржите не е доволна.

-Македонија е една од ретиките земји во кои има ниска стапка на инфлација и зголемување на цени во малопродажба и севкупно 10 пати повеќе од стапката на инфлација. Во моментов стапката на инфлација е 3%, а имаме зголемување на цени од 30%. И тоа е нелогично однесување за што власта мора да преземе мерки а не да вели дека прави анализи. Нема чекање, затоа што така дава одредени претпоставки дека можеби нешто друго се крие позади, додаде тој.

 

13.02.2025 - 09:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега