Битиќи: Нашите деца ќе имаат европска железница и европска иднина во Северна Македонија

Дури и во модерната ера со напреден воздушен транспорт и други системи, возовите остануваат многу важен начин на транспорт за многу видови стоки, и затоа инвестирањето во железницата е паметна инвестиција, кажа во неговиот говор заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на конференција по повод 150 години железници.

Вицепремиерот Битиќи во рече дека возовите се витален начин на транспорт за движење на стоки низ светот, а бидејќи бизнисите продолжуваат да бараат начини да ги оптимизираат нивните синџири на снабдување и да ги намалат трошоците, возовите ќе останат важен дел од транспортниот екосистем.

„Владата на Република Северна Македонија ги препознава предностите на железничкиот сообраќај и токму затоа не изостанува нашата поддршка за железницата преку државниот буџет, а со изградбата на железничкиот Коридор 8 кон Бугарија си градиме и европска иднина за нас но и за Железницата“, изјави Битиќи.

За вицепремиерот оваа инвестиција за нашите компании значи нови европски пазари, преку поекономичен превоз, воспоставува регионално поврзување со пристаништата во Бургас и Варна во Бугарија и Драч во Албанија, што е од исклучителнаважност за нашата економија но и генерално за соработката на регионот во целина.

„Изградбата на оваажелезничкапруга од Кумановодо-Крива Паланкапа се до границата со Република Бугарија, инвестиција од преку 600 милиони евра е сериозе нчекор во развојот на регионалната железничка мрежа, и показател на посветеноста на оваа Влада за изградба на ефикасна железничка инфраструктура што на нашите компании ќе им биде голема помош за пласирање на нивните производи на странските пазари“, рече Битиќи и порача во името на децата за кои рече дека го разубавија јубилејот особено со пеењето на химната со љубов, срце и почит кон татковината, и им вети дека во наредните 10 години ќе им обезбедиме европска иднина и европска железница.

Генералниот Директор на Јавното претпријатие „Железници Инфраструктура“, Хари Локвенец во неговиот говор рече дека 700 километри пруга во нашата земја ќе се зголемат за 20 проценти со градбата на планираните нови 150 километри од Коридорот 8.

„Инвестициите имаат за цел да ја вратат железницата на вистинското место и да обезбедат поквалитетен живот на граѓаните и да придонесат за македонската економија и нејзината конкурентност. Конкурентноста подразбира дека една од варијаблите е квалитетен и евтин транспорт што железницата може да им го понуди на своите корисници“, рече Локвенец.

Во неговото обраќање шефот на одделот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Штефен Худолин акцентот го стави на потребата за железничка конекција со Албанија и Бугарија.

„Денес во 2023 фокусот останува ист како и пред 150 години, бидејќи железницата игра многу значајна улога во економскиор развој на секоја држава преку транспорт на стока и на луѓе и креираат работни места. Денес гледаме дека нема железничка конекција со Албанија на запад и со Бугарија на Исток, и затоа треба максимална заложба да се изградат“, изјави Худолин.

07.04.2023 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега