Битиќи: Платите во здравството пораснаа за 70 отсто од 2016 до 2023


Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на социјалните мрежи сподели инфограф на кој може да се забележи дека платите во здравството од 2016 година до 2023 се покачени за дури 70 отсто.

„Наставниците, професорите, здравствените работници, полицајците и војниците беа сведоци на зголемување на платите како никогаш досега. Бројките сами по себе зборуваат за нашите достигнувања во подобрувањето на благосостојбата и условите за работа“ напиша Битиќи.

Висок раст на платите има и на универзитетите, каде од 27.789 денари, платата е покачена на 51.563 денари, раст од 85 отсто.

 

Во Армијата платите од 24.605 денари се покачени на 43.141 денар, додека во полицијата од 31.353 на 44.367 денари.
<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.faceboo..." width="500" height="250" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share"></iframe>

01.03.2024 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега