Битиќи: Поради Митилинеос граѓаните ќе плаќаат поевтина струја следните 20 години
Со договорот за стратешката инвестиција на Митилинеос за изградба на когенеративна централа во Скопје, обезбедивме модел со кој обезбедуваме поевтина струја за граѓаните во наредните 20 години, рече потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економија, Фатмир Битиќи, во „Топ Тема“ на телевизија „Телма“.
Потпретседателот Битиќи истакна дека енергетската транзиција во државата ќе се случи не само со јавни инвестиции, туку и со приватни инвестиции, кои се неодминливи.
„Нема да бидеме повеќе зависни од гас, струја, и не треба воопшто да се плашиме. Нашата долгорочна стратегија е да имаме доволно количина на енергија за сите потреби на граѓаните и државата“, рече потпретседателот Битиќи и посочи дека со изградбата на гасната централа во Скопје освен што ќе се добијат дополнителни количини на струја за енергетскиот систем и ќе се задоволат потребите за топлинска енергија.
„Потребата од топлинска енергија во Скопје е 510GW, а моментално се произведува 275GW, имаме разлика која е израз на потребата за затоплување на домовите во Скопје, со изградбата на оваа централа, таа потреба ќе биде задоволена, а со тоа ќе се обезбеди и топлинска енергија за дополнителни 36.000 домаќинства во главниот град“, рече потпретседателот Битиќи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа