Битиќи пречека делегација од Јужна Кореја: „Северна Македонија има голем потенцијал за инвестиции“

 

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска беше домаќин на делегација од Јужна Кореја која ја предводеше Јанг Сунг Мин, висок советник за стратегии на претседателот на Јужна Кореја.

Целта на посетата беше јакнење на билатералните односи како и развој на економската соработка помеѓу двете земји.

Јанг Сунг Мин го честиташе претседателствувањето на нашата земја со ОБСЕ кое е исклучително важно во оваа година кога на европскиот континент има отворен конфликт, на што вицепремиерот Битиќи се заблагодари истакнувајќи дека е чест и истовремено голема одговорност и од голема важност да се шират демократските и мировни вредности во вакви предизвикувачки времиња.

На средбата се согласија дека билатерални односи помеѓу Јужна Кореја и Северна Македонија, иако млади, се стабилни бидејќи и двете земји ги делат вредностите на мир, слобода и просперитет, како две демократски земји.

„Во Северна Македонија, како земја во која е членка на НАТО, гледаме голем потенцијал за развој на нашата економска соработка“, истакна Парк Догмин, потпретседател на Стопанската комора на Јужна Кореја, која има над 20.000 членки.

Вицепремиерот Битиќи потенцираше дека Северна Македонија има голем потенцијал за инвестиции во енергетика, автомобилска индустрија, фармацевтскиот и агро секторот. На средбата беше заклучено дека ова нема да биде последна средба, дека набрзо е можно да се реализира и бизнис делегација од Јужна Кореја која ќе оствари директни бизнис средби со македонското стопанство.

Сунг Мин беше придружуван од Ли Хо-шик, амбасадор на Јужна Кореја во Република Бугарија, Парк Догмин, потпретседател на Стопанската комора на Јужна Кореја, Шин Кјиенгшол, потпретседател на „GS Engineering & Construction“, Хан Сујин, прв секретар на министерството за надворешни работи на Јужна Кореја, Ли Сеујеун, заменик-директор на „World Expo 2030 Busan“ и Хванг Јосун, директор на Котра.

25.04.2023 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега