Битиќи: Власта манипулира, пензиите всушност ќе се зголемат само за 1.000 денари

Во „Дневен клик“ на ТВ21 пратеникот на СДСМ, Фармир Битиќи рече дека новата влада манипулира со линеарното зголемување на пензиите, потенцирајќу дека пензионерите би имале секако покачување според методологијата за усогласување и дека разликата сега е само 1.000 денари.
 
„Дефинитивно ќе имаше покачување во септември, бидејќи ќе имавме усогласени пензии, јавно кажувам дека дел од категоријата пензионери всушност ќе добијат, можеби на нивната сметка 2 500 денари, но разликата од она што би го добиле и онака, и тоа што го добиваат денеска е 1.000 денари, за некои категории, за некои пензионери разликата е нула“, рече Битиќи.
 
Рушењето на системот на усогласување на пензиите со просечната плата, односно со само линеарен раст, има ризик владата во иднина воопшто да не ги зголемува пензиите, потенцира пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.
18.07.2024 - 17:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега