Битиќи за инвестицијата што ја најави Мицкоски: Некој се кити со туѓи перја

Поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи денеска преку социјалната мрежа „Фејсбук“ реагираше на објавата на премиерот Христијан Мицкоски за новата германско-белгиска инвестиција.

Битиќи наведува дека се работи за инвестиција што ја работела неговиот кабинет. 

- Да, да: има разлика! Некој се „кити со туѓи перја“ и ја објавува инвестицијата на EPSOTECH како своја (и тоа пред да се финализирани сите процедури), а некој чека(л) додека се изјаснат сите релевантни институции за да се потврди договорот за соработка. Благодарност до ВМРО ДПМНЕ што ги потврдуваат и продолжуваат планираните инвестиции кои мојот (сега веќе поранешен) кабинет професионално и прецизно ги сработил во изминатиот период.
Работа а не PR е потребна за нашата татковина да го доживее прогресот што го заслужува, напиша Битиќи.

Посочува дека заедно со „EPSOTECH“ има уште шест други инвестиции за кои се изработени договорите за поддршка и го чекаат последниот филтер во Комисијата за заштита на конкурентноста кои од принципиелни причини и изборниот процес не биле обзнанени.

05.07.2024 - 13:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа