Благојче Атанасоски: Македонија си била Ел Дорадо и тоа функционирало со децении

 

Полициските акции за субивање на институционален криминал кои се случија изминативе две недели се дел од процесот на нормализирање на мекедонската држава, по нејзиното официјалнизирање како членка на НАТО, вели политикологот и политички аналитичар, Благојче Атанасоски во интервјуто за Прес24.

-Се случи game over, односно  играта на „играње држава, или играње играчки со државата“, заврши со официјализирањето на нашето полноправно членство во НАТО. И токму преку овие и ваквите акции кои ќе зачестат и ќе следат и понатаму во иднина, ќе им се стави јасно до знаење, и на актуелните властодршци, но и на сите идни понатаму, дека Македонија нема да биде темен вилает на секој некој, кој се добрал до највисоките врвови на власта, и ќе прави со и од неа што сака, вели Благојче Атанасоски, во инетервјуто за Прес 24.

Тој потенцира дека Македонија живее во едно тотално руинирано, распаднато по вертикала, но и хоризонтала општество, во кое корупцијата е пандемиски раширена во секоја општествена пора и клетка и како гангренозна рана се шири и го зафаќа секој можен дел од општествените институции.

-На крајот, резултатите се тие: криминал на секаде и од секого, и срам за државата во очите на меѓународната заедница, бидејќи сме тие кои претендираме да се интегрираме во најразвиените светски асоцијации, дотолку што веќе постанавме полноправна земја-членка на НАТО алијансата. Македонија си била „Ел Дорадо“ за организираните криминалци, накотени во институционалниот систем на државата, и тоа функционирало, не со години, туку веројатно и со децении наназад, вели Атанасоски во интервјуто.

Според него членството во Алаијансата за Македонија е гаранција и во рамки на регионалната безбедност, но очекува дека сите овие процеси, кои сега се водат во Македонија, под патронат на сттатешките партнери ќе продолжат во иднина, со цел воспоставување на систем на доверба за Македонија меѓу земјите членки.

ако земја членка на НАТО, која ќе ги има безбедносните и класифицирани информации на алијансата, нема да ни се дозволи нашите безбедносни служби да бидат пополнети од кадри кои ќе служат на интересите на Кремљ, или пак на некој НАТО-непријател, со што ќе се поткопа и безбедноста на самата воена алијанса. Мислам дека на сите тие субверзивни елементи кои роварат во нашиот безбедносен систем, досега и тоа требало да им стане јасно, а ако не им станало, НАТО-претставниците се тука, да им го разјаснат во блиска иднина, вели Благојче Атанасоски, политички аналитичар во интервјуто за Прес 24.

ПРЕС24: За неколку дена прилично турбулентен период на информации од безбедносен план и дома, но и во регионот. Ајде прво за нон-пејпарот на Јанша, кој подоцна дематираше дека е негова идеја. Како Вие гледате на целата оваа ситуација?

АТАНАСОСКИ: Ситуацијата од една страна не е за потценување, бидејќи станува збор за (не)официјален документ од еден словенечки премиер, ветеран на тамошната политичка сцена, но е и медиумски пренагласена, бидејќи немаме се уште официјална потврда дали ова е навистина така и се уште, тлее сомнежот на јавноста кои „кујни“ стојат зад сето ова. Дали е ова некоја политичко-безбедносна регионална игра за обид за дестабилизација на регионот на Западниот Балкан, но и неговите соседски граници, или пак е само несмасност на Јанша, кој можеби турка некоја туѓа агенда (таа на Виктор Орбан). Другата опција е дека словенечкиот лидер, сака да се факторизира себе си и својата земја во пресрет на официјалното преземање на претседателството со ЕУ од страна на официјална Љубљана во втората половина на годинава, и да се наметне како проактивен фактор во решавање на status quo-то на останатиот неинтегриран дел од поранешна Југославија во ЕУ, во пакет со албанското прашање, но ако е така, тоа е, не само многу погрешен пристап за привлекување на регионалното, па и европското внимание врз себе, туку се граничи со степенот на лудоста, бидејќи практично е неизводливо.

ПРЕС24: Но, факт е дека некој размислува за прекројување на границите на Балканот, веројатно како процес за затворање на ова прашање. Колку е реално такво сценарио без нов воен конфликт?

АТАНАСОСКИ: Видете, тие баба-рога приказни за „Голема Албанија“, или „Голема Србија“, траат практично од пропаста и распаѓањето на поранешната СФР Југославија, и не дека немаат плодна почва и усвитени националистички глави за нивна реализација, туку  сообразеноста на новото време и новите геополитички разместувања, и со тоа и потпаѓањето на целиот регион под западната сфера на влијание (НАТО), дефинитивно ги закопаа надежите на ултранационалистите и сонувачите за големи држави. Војните се веќе минато на крајот од минатиот век, и таму ќе останат, да се надеваме многу долго време, ако не и засекогаш. Како по инерција, или космичка несреќа, тие се преповторувале на Балканот, на стотина години, бидејќи секогаш после истите, на Балканот наместо да се решат националните прашања, тие се повеќе се заплеткувале, и секоја наредна војна е обид за решавање за некое „замрзнато“ национално прашање. Во овој момент на пацификација на натоизација на регионот на Западен Балкан, нови војни и нови крвави воени конфликти се рамни на нон сенс. Попрво ќе видиме демократизација на Северна Кореа, отколку крвави етнички и граѓански војни на Балканот, барем во следниве неколку децении.

ПРЕС24: Колку НАТО челнството на Македонија и на Црна Гора се гаранција за унитарноста во случај на едно вакво сценарио?

АТАНАСОСКИ: Тоа е и суштината. Да се гарантира територијалниот интегритет и суверенитет на овие етнички хетерогени, мали по население и територија земји, кои биле апетитен плен низ историјата на своите поголеми соседи (Србија, но во современо време и Албанија, преку „прашањето за Голема Албанија). Често пати сум говорел дека влезот во НАТО-алијансата , секоја земја од поранешниот Варшавски пакт или од поранешна Југославија, го (на)прави поради свои специфични национални интереси: ако малите балтички земји Естонија, Летонија и Литванија, тоа го направија за да спречат евентуална руска агресија и анексија врз нивните територии и нивните погранични градови со огромната Руска федерација, ние па и Црна Гора, тоа го спречивме заради смирување на внатрешно етничките турнуси и проблеми со големото албанско кај нас , односно соодветно српско население во Црна Гора. Процесот на натоизација на нашите земји е процес на бетонирање и целосно гарантирање на унитарноста и територијалниот интегритет на нашите земји.

ПРЕС24: Кое решение е најбезболно за Балканот за косовско-српскиот спор?

АТАНАСОСКИ: Веројатно нема такво, бидејќи прашањето е исклучително тешко: се работи за длабока историја, територија, култура, национален бит, историски мит, и на крајот за големи количини на пролеана крв од двете страни. Тука страните се целосно непомирливи. Можеби ова статус-кво во овој момент е најдобро решение, и покрај тоа што има притисок од американската администрација, истото да се надмине, односно да следува српско признавање на косовската независност, но тој притисок е асиметричен и може само да наложи „решение“, кое ќе ги зголеми фрустрациите и негодувањето во српската политика и самата српска држава, и не може да биде одржливо на долг рок. Можеби истото треба да се реши по примерот на македонско-грчкиот спор за името, т.е каде што двете страни ќе бидат еднакво незадоволни, бидејќи во вакви историски спорови, особено на Балканот, е невозможно вие да изнедрите решение со кое двете засегнати националистички страни ќе бидат среќни и задоволни.

ПРЕС24: Паралелно на домашен план се случуваат два скандали. Едниот монгу сериозен кој укажува на тоа дека во Македонија во системот на институциите се случувал организиран криминал со фалсификување пасоши?

АТАНАСОСКИ: Тоа е доказ, колку се порозни институциите на системот во Македонија, и што е најстрашно станува збор за  порозност на безбедносната архитектура во државата. Живееме во едно тотално руинирано, распаднато по вертикала, но и хоризонтала општество, во кое корупцијата е пандемиски раширена во секоја општествена пора и клетка и како гангренозна рана се шири и го зафаќа секој можен дел од општествените институции. На крајот, резултатите се тие: криминал на секаде и од секого, и срам за државата во очите на меѓународната заедница, бидејќи сме тие кои претендираме да се интегрираме во најразвиените светски асоцијации, дотолку што веќе постанавме полноправна земја-членка на НАТО алијансата.

ПРЕС24: Овде не станува збор за фалсификување на пасоши, туку на легално издавање на двојни идентитет. Колку е ова можно без никој да знае по вертикала во хиерархијата на таа институција, и уште полошо тоа да трае со години, во кои се менувале власти?

АТАНАСОСКИ: Ако не сите, многумина знаеле, но молчеле, бидејќи кучињата лаеле ( читај некој тоа по ходниците на МВР срамежливо го „шушкал“, и се говорело како јавна тајна), но карванот (читај: мега криминалот со илјадници евра) си врвел. И сите биле среќни и задоволни, бидејќи за сите имало прстите да ги турат во теглата со медот, и да лижат од истиот, кој повеќе кој помалку. Вака метафорички се изразив, за да ја опишам трагичноста на целата оваа ситуација, преку која гледаме дека мафијата си има своја држава, без разлика дали таа се викала Поранешна Југословенска Република , само Република, или по ново денеска Република Северна. Со сите овие изведени варијации, Македонија си била „Ел Дорадо“ за организираните криминалци, накотени во институционалниот систем на државата, и тоа функционирало, не со години, туку веројатно и со децении наназад.

ПРЕС24: Оваа акција, но и она другата поврзана со марихуаната веројатно се координирини од македонските стратешки партнери САД. Логичното прашање е зошто САД ова сега го прават, колку ова има поврзаност со членството во НАТО.

АТАНАСОСКИ: Има апсолутно, бидејќи се случи game over, односно  играта на „играње држава, или играње играчки со државата“, заврши со официјализирањето на нашето полноправно членство во НАТО. И токму преку овие и ваквите акции кои ќе зачестат и ќе следат и понатаму во иднина, ќе им се стави јасно до знаење, и на актуелните властодршци, но и на сите идни понатаму, дека Македонија нема да биде темен вилает на секој некој, кој се добрал до највисоките врвови на власта, и ќе прави со и од неа што сака. Лично ова мене, многу ме радува, бидејќи до влегувањето во НАТО, бевме сведоци во изминатите три децении, дека многу често, најмоќните политички фактори и лица, државата си ја третираа како своја прчија, и правеа што сакаат, се разбира се збогатуваа на криминален и нелегален начин, стекнувајќи милиони, па дури и милијарди евра, да му парираат на еден Роман Абрамович.

ПРЕС24:  За двојните матични броеви, МВР вели сека е населеден проблем од 1981 година. Но од тогаш до денеска има 40 години. Зарем е логично една држава од 2 милиони да и требаат 4 децени да провери дали некој по грешка добил дупликат матичен број?

АТАНАСОСКИ: Ништо не е логично во функционирањето на оваа држава, или пак се е логично по македонската логика, а тоа е да се прави нешто колку да се прави, да се заташкува, да се глуми функционирање на институција, или пак да се оди само на работа колку само да помине денот, да се испијат неколку кафиња, се разбира пропратно со цигарите во уста. Или пак, уште пострашно, тоа било свесно правено, за потреба од махинации на изборни резултати, бидејќи секоја политичка партија мечтае кога ќе дојде на власт да ги инструира во своја корист изборните резултати. Како и да е, како што напоменав, со членството во НАТО, ќе почне нашата „руинирана куќа“, да се чисти и поправа од темел, но за тоа ќе треба многу време, воља од американците и желба од преостанатиот дел од општеството кој сака да живее во нормална и средена европска држава, активно да учествува во рехабилитација на македонската држава.

ПРЕС24: Логично на ова се поставува прашањето на институциналната сигурност. Што работата службите во овие институции?

АТАНАСОСКИ: Ништо,  се шпионираат меѓу себе, нас, но и издаваат безбедносни и класифицирани информации на соседски и подалечни тајни служби за материјална и лична бенефиција. Никој, или со чест на исклучоците, во оваа држава не работи примарно за државата, како највисока морална и човечка должност, туку службата во неа, ја гледа како платформа за лично и семејно богатење, не размислувајќи за последиците и штетите по самата држава и нејзината национална сигурност, и безбедноста на граѓаните. Членството во НАТО, и во овој домен, работите ќе ги постави на правилниот колосек.

ПРЕС24: Многумина велат дека една година по членството во НАТО, Македонија веќе е во процес на фитрација, односно тип на прочистување кој НАТО ќе го спроведува и во иднина со цел да постигне ниво на посакувана доверба, што е процес карактеристичен за сите земји од југоисточна Европа кои влегоа во Алијансата?

АТАНАСОСКИ: Така е бидејќи, до сега бевме „Казабланка“, за многу спротиставени шпионски и разни други тајни служби, како од поблиското соседство, така и од  други моќни земји од далечни региони, кои се антипод на НАТО-алијансата (во прв ред Русија, Кина, но и Иран, земјите од Заливот, С.Арабија, итн). Што значи како земја членка на НАТО, која ќе ги има безбедносните и класифицирани информации на алијансата, нема да ни се дозволи нашите безбедносни служби да бидат пополнети од кадри кои ќе служат на интересите на Кремљ, или пак на некој НАТО-непријател, со што ќе се поткопа и безбедноста на самата воена алијанса. Мислам дека на сите тие субверзивни елементи кои роварат во нашиот безбедносен систем, досега и тоа требало да им стане јасно, а ако не им станало, НАТО-претставниците се тука, да им го разјаснат во блиска иднина.

ПРЕС24: Бугарија на пример се уште има проблеми од сличен калибар. Се сеќавате на последната шпиунска афера?

АТАНАСОСКИ: Тоа е доказ, колку биле навлезени руските тајни служби во безбедносниот систем на Бугарија, како едни рестлови од поранешните КГБ-советски комунистички служби, кои и по распадот на СССР и Варшавскиот ПАКТ, и по три децении од тој распад, а по скоро две децении од влезот на соседна Бугарија во НАТО, тие се уште имаат моќ и влијание, и биле инкорпорирани инкогнито во разузнавачките структури на бугарскиот национално-безбедносен систем. Затоа велам, ова е своевидна „нова студена војна“, која ќе се засили и ќе добие на интензитет, особено со доаѓањето на „јастребот“ на традиционалната американска политика Џозеф Бајден на позицијата најмоќен човек на светот, и во иднина ќе гледаме се повеќе вакви „шпионски акции“, со кои ќе се расчистуваа одредени структури и одредени проблеми внатре во НАТО-земји членки од територијата на Источна и Југоисточна Европа.

ПРЕС24: Можно ли е сепак, членството во НАТО и сите овие процеси да воспостават некој здрав систем на државата?

АТАНАСОСКИ: Тоа е една од главните стратешки цели, освен како што напоменав на почетокот беспорен гарант на територијалниот суверенитет и унитарен карактер на државата. Секако членството во НАТО си носи и економски бенефиции, преку неколкукратното зголемување на директните странски инвестиции, кои кај другите земји од соседството но и пошироко од Источна Европа, компаративно во годините по нивното полноправно зачленување во алијансата, покажале дека инвестициите пораснале за многу пати и истите се мереле во милиони евра. Паралелно со очекуваното отворање на преговорите со Европската Унија, и при ситуација на веќе станата и официјална НАТО-земја членка, ние после три децении да го фатиме конечно правецот на средување на хаоточните состојби во државата на секое поле, и да се нормализираме од секој можен аспект. Процесот ќе биде долг, макотрпен, но мене ако ме прашате, за на крајот од истиот да имаме подобри резултати, е подобро да биде подолг, а со тоа и посуштински, отколку да направиме козметички промени, како што направија Бугарите, и да бидеме земја членка и на ЕУ и на НАТО, и на крајот пак да бидеме незадоволни од квалитетот на животот и (не)функционалноста на институциите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2021 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега