„Блиц“ за состојбата на повредените во Србија: Двајца пациенти сè уште во тешка состојба, четворица тргнати од респиратор

Четворица од деветте пациенти кои се здобија со тешки телесни повреди во масовното пукање во Младеновац се тргнати од апаратите за дишење и се во подобра здравствена состојба, еден од пациентите дури е испратен на домашно лекување, пренесуваат српските медиуми.

Според написите, двајца пациенти сеуште се во тешка состојба, едниот има сериозни повреди на црниот дроб, бубрезите и колената, додека другиот има сериозни повреди на главата и окото.

И во Ургентниот центар има пациенти кои се здобиле со тешки повреди по пукањето што се случи во ОУ „Владислав Рибникар“, еден ученик е испратен на домашно лекување, наставничката е во подобра состојба а денеска треба да се направи мини оперативна интервенција на нејзината рака.

Девојчето чија потколеница беше повредена во нападот, денеска треба да има уште една дополнителна операција, момчето кое се здоби со повреда на цервикалниот дел од рбетот се уште е во најтешка состојба поради што не ги чувствува екстремитетите, според тамошните медиуми.

08.05.2023 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега