Блинкен: Лидерите на Србија и Косово ќе мора да направат тешки компромиси

 

Лидерите на Србија и Косово ќе мора да направат тешки компромиси за да ги решат отворените прашања и да ги нормализираат односите, рече американскиот државен секретар, честитајќи им го на Србија и нејзините граѓани Денот на државноста.

Убеден сум дека нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово ќе донесе безбедност и просперитет на Србија и на сите граѓани на Западен Балкан“, се вели во соопштението на Ентони Блинкен објавено на официјалната веб-страница на Стејт департментот.

„Секако, српските и косовските водачи ќе мора да направат тешки компромиси за да ги постигнат овие цели, но наградите за српскиот народ – и за целиот регион – ќе бидат огромни“, додаде Блинкен.

Соединетите Држави, нагласи тој, „силно ги поддржуваат европските амбиции на Србија“.

„Ние сме посветени да работиме со вас и нашите партнери од ЕУ на оваа важна цел. Го поздравив конструктивниот ангажман на Србија со претставниците на САД, ЕУ, Франција, Германија и Италија за време на неодамнешната посета на Белград“, посочи државниот секретар.

Истовремено, ја повика Србија „да ја поддржи Украина против неиспровоцираната, неоправдана и брутална војна на Русија“.

15.02.2023 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега