Блок 1 на РЕК Битола попладнево ставен во функција

 

Блок 1 на РЕК Битола попладнево околу 15 часот е ставен во функција. Постројката произведува електрична енергија и е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем.

-Благодарание на стручноста и ангажманот на вработените во Термоелектраната, за нецели 24 часа санираните се пукнатите цевки заради кои блокот вчера утрото мораше да биде исклучен, информираат од АД ЕСМ.

РЕК Битола во моментов работи со два блока. На Блок 3 во тек се завршните зафати за монтажа на новиот трансформатор, по што и оваа постројка ќе биде ставена во функција.

05.01.2023 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега