БМВ излета од патот во Делчево, тешко повредени возач и две деца
Вчера во 19.51 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Делчево, патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(38) од Делчево, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и двајца малолетни сопатници, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.
25.04.2025 - 13:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа