Богатството на Маск е еднакво на вкупното богатство на милијардерите Бил Гејтс и Ворен Бафет

Сопственикот на компанијата Тесла и SpaceX, Илон Маск има богатство од 230 милијарди долари, што е еднакво на вкупното богатство на милијардерите Бил Гејтс и Ворен Бафет.

И Гејтс, кој има од 130 милијарди долари, а Бафет од 102 милијарди долари своевремено биле најбогатите луѓе на светот.

Директорот на Амазон, Џеф Безос од 2017 година до јануари оваа година со богатство од 185 милијарди долари бил најбогатиот човек на светот, а потоа неговото место го зазеде Маск.

 

Од почетокот на оваа година Маск е побогат за 60 милијарди долари, како последица на растот на вредноста на акциите на Тесла. Со работата на SpaceX тој стекнла богатство од 11 милијарди долари.

Меѓутоа, Гејтс и Бафет за разлика од Маск донирале милијарди долари. Маск е критикуван од оние кои сметаат дека не донира доволно пари. На критичарите им одговори дека тоа го правел анонимно.

Оваа година ветил дека ќе донира 150 милиони долари, од кои 100 милиони требало да бидат искористени за намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Се претпоставува дека ова ќе биде неговата најголема донација.

18.10.2021 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега