Богдановиќ: Има неколку решенија на кои ќе работиме во следните 2 недели врзани за локацијата кај Холидеј Ин

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ во гостувањето на ТВ 21 рече дека во овие две недели, општината ќе направи сѐ што е во нејзина моќ во однос на спорниот проект кај Холидеј Ин.

-Не е спорно да се вратат парите. Во овие две недели ќе отвориме постапки.Но, решение може да биде Министерство за транспорт и врски, кое може да потпише суспензија на елаборатот, но и ДКСК со поведување на одредени постапки. Ние не бегаме од одговорност, но притисокот треба да се пренасочи и кон другите одговорни инситуции, посочи Богдановиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 23:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа