Бојана Скендеровски гостуваше на Прва ТВ и ја промовираше српската верзија на песната „Среќа и несреќа“
Бојана Скендеровски гостуваше на Прва ТВ и ја промовираше српската верзија на песната „Среќа и несреќа“
Бојана Скендеровски заедно со композиторот Саша Милошевиќ - Маре денеска гостуваа во живо во емисијата „150 минути“ на Прв ТВ во Белград.
Поводот за нивното гостување беше промоцијата на нејзината најнова песна „Среќна и несреќна“ која ја има изведено и на српски јазик за регионалниот пазар.
Песната наиде на одличен прием и задоволство кај српската публика и веќе се договорени уште неколку гостувања кај најеминентните српски медиуми, а веќе на големо се врти песната и на голем број радија и телевизии кај нашиот северен сосед. Исто така, договорена е и понатамошна соработка на Бојана со Маре и веќе е најавена промоција на уште една песна од истиот автој на крајот на септември оваа година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа