Болниците во Србија преполни: Дали Србија е новото жариште на големата кашлица?

На подрачјето на Белград во изминатите 7 дена се регистрирани нови 69 случаи со голема кашлица. Од март 2023 година до вчера, во Градскиот завод за јавно здравје се регистрирани 700 случаи.

Најголем број заболени има кај децата на возраст од 10-19 години (466 - 66,6 проценти), а меѓу нив водечки се децата на возраст од 12 години (89 пациенти - 19,1 проценти), 13 години (83 пациенти - 17,8 проценти) и 14 години (72 пациенти - 15,4 проценти).

Меѓу најмладите, на возраст до четири години, има 66 заболени (9,4 проценти), пишува на сајтот на Градскиот институт Белград во „информација за моменталната епидемија на голема кашлица на територијата на Белград“.

Исто така чекалните во амбулантите и болниците се преполни со лица со симптоми на температура, кашлање, кивавица, болка во грло, слабост и симптоми слични на грип или Ковид.

„Во моментов меѓу пациентите има најмногу АХ1, АХ3, подтипови на грип, имаме голема кашлица, Ковид, и некои други вируси кои ги погодуваат децата. Престојот во простории каде што се згрижуваат деца може да доведе до епидемии. Родителите да внимаваат да не ги праќаат децата во градинки и училишта доколку се болни. Мора да внимаваат со кого се дружат, бидејќи смртноста за жал е висока“, предупредува Александар Стојановиќ, директор на Здравствениот дом „Палилула“.

30.01.2024 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега