Болсонаро додека бил претседател проневерил накит вреден 1,2 милиони долари, соопшти полицијата

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро за време на неговиот мандат проневерил накит вреден 1,2 милиони долари, се вели во извештајот од истрагата на бразилската Федерална полиција што денеска го објави Врховниот суд.

Минатата недела Болсонаро беше обвинет за проневера, перење пари и криминален заговор во врска со луксузен накит од Саудиска Арабија, пренесува АП.

Истрагата е дополнителен притисок врз лидерот на екстремната десница, кој беше претседател од 2019 до 2022 година, кога ги загуби изборите од Луис Ињасио Лула да Силва.

09.07.2024 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега