Борел во дводневна посета на Украина
Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, денеска и утре ќе престојува во Украина.
Како што соопштува Европската служба за надворешни работи, предвидено е Борел да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмихал и министрите за надворешни работи и за одбрана Дмитро Кулеба и Рустем Умеров, како и да се обрати и пред пратениците во Врховната Рада.
Борел, исто така, ќе ја посети и Советодавната мисија на ЕУ за реформи во цивилниот безбедносен сектор Украина.
Посетата на Борел на Киев следи откако минатата ноќ Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа привремен договор за предлогот на Еврокомисијата за создавање на нов единствен Механизам за поддршка на опоравување, реконструкцијата и модернизацијата на Украина, со вкупен буџет од 50 милијарди евра, преку кој во исто време ќе бидат поддржувани и напорите на земјата за спроведување на реформите како дел од нејзиниот пристапен пат кон ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа