Борисов: На изборите ќе се покажат вистинските мафијашки трикови на опонентите
„Гласав за единствената демократска партија. Европа доживеа да види венецуелски избори. Тотален хаос во земјата, а во странство се случува кражбата на векот“, вели лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов откако го искористи правото на глас, пренесува бугарската телевизија Нова.
-Машини кои не работат, без принтери, без хартија, тотален хаос. Која е поентата за непризнавање на изборите? Тие ја имаат целата моќ. Чекам да излезат резултатите од гласањето, да видиме што се направиле. Благодарен сум му на Бога што не оставија живи, не не затворија и не не убија, додаде Борисов.
„Во оваа жештина, има километарски редици, прекин на електричната енергија и запрени машини за гласање, луѓето стојат со часови, а да не ја спомнуваме внатрешноста… На изборите ќе се покажат вистинските мафијашки трикови на опонентите”, рече Борисов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа