Брачен пар повеќе од еден месец спие на балкон: Убедени се дека станот им е проколнат

Тие се уверени дека нивниот дом го прогонува дух, па француски пар повеќе од еден месец спие во мал шатор поставен на балконот во нивниот стан.

Патриција и Давид Ц. и нивните две деца се преселиле во стан во општина Реплонж минатиот септември. Нивниот нов дом бил простран, добро осветлен и модерен, но семејството не успеало долго да ужива во него затоа што почнале да се случуваат бизарни работи пишува Одити Централ.

Патриција тврди дека нејзината ќерка почнала да гледа необични работи низ дома набрзо откако се доселиле, а после некое време цело семејство се уверило дека во нивниот дом се одвиваат паранормални активности.

Работите наводно станале толу лоши што морале да постават шатор на балконот за да се наспијат на мир, а го користат веќе еден месец.

„Почна со црни сенки“, рекол парот за францускиот весник Ле Прогрес.

„Тогаш стана се погласно: светлото се гасеше, телевизорот сам се вклучуваше, телефонот без причина се замрзнуваше, садовите произведуваа необични звуци и така натаму“.

Штитејќи се од паранормалните појави парот побарал услуга од „магнетизатор“, лице кое користи магнетска енергија за откривање духови, која откако им го прегледала станот рекла дека го прогонува заробен дух на жена од 19 век, која сакала да си оди.

Бидејќи парот нема финансии за друг станот, а компанијата која управува со зградата тврди дека со станот е се во ред, затоа што два пати бил изнајмуван без инциденти. парот одлучил да спие во шатор. Поднеле барање за друг стан, но засега чекаат и спијат на балкон.

23.07.2021 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега