Братот на убиениот чувар Драган: Немаше деца, но го даде животот штитејќи ги децата

Тој беше извонреден човек, вистински добар дечко, не сакам да биде дека нешто преувеличувам, но навистина е така, изјави братот на покојниот Драган В. чуварот кој настрада во масакрот во Белград, за Телеграф.рс.

Тој вели дека Драган бил разведен и немал деца, но ги штител децата во училиштето.

„Немаше деца, разведен беше, но го даде животот штитејќи други деца“, вели тој.

Голема трагедија се случи во средата околу 08:40 часот кога малолетникот Коста Кецмановиќ(13), ученик во седмо одделение, уби 8 ученици од ова училиште и еден обезбедувач, а рани 6 ученици и наставник по историја.

Приведен е таткото на детето, кој кажал дека не е виновен, иако синот го носел на стрелање, а воедно се товари дека несоодветно го чувал оружјето. Синоќа во Младеновац се случи и втор масакр, каде момче на возраст од 21 години уби 8 луѓе.

05.05.2023 - 23:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа