Бред Пит до Анџелина Џоли: Не знаеш што правиш, го уништуваш ова семејство

 

 

Извештај од 53 страници, кој е во голема мера преработен, ја раскажува верзијата на Анџелина Џоли за настаните од семејното патување со приватен авион на 14 септември 2016 година, додека се враќале во САД од Франција, а за време на кое Бред Пит бил вклучен во наводна расправија со нивниот син Медокс, тогаш 15-годишен.

Во меѓувреме, ФБИ ја заврши истрагата за наводната физичка расправија. Портпаролката на ФБИ Лаура Ајмајлер тогаш изјави: „ФБИ изврши ревизија на околностите и нема да продолжи со понатамошна истрага. Не е покренато обвинение“.

Во извештајот на ФБИ се тврди дека Пит наводно ѝ рекол на Џоли „едно од нејзините деца изгледа како безвредник од Колумбија“ и дека таа „го уништува ова семејство“.

Ова се случувало во текот на лет со приватен авион во 2016 година, што всушност било причина, барем како што тврдат медиумите, Џоли да поднесе барање за развод.

Анџелина, која беше испрашувана од ФБИ во нејзиниот дом во Малибу, Калифорнија, во октомври 2016 година, поднесе барање за развод од Бред помалку од една недела по неславниот лет, а нивната разделба беше финализирана во 2019 година, но поранешните сопружници оттогаш водат правна битка за старателство над нивните шест деца.Бред (58) ги негира сите тврдења на неговата поранешна сопруга Анџелина.

Извор близок до Бред тврди дека објавениот извештај од 2016 година не покажува „ништо ново“.

„Анџелина и нејзиниот тим очајно се обидуваа да најдат нешто“, вели инсајдерот во разговор со „Ентертејнмент тунајт“.

19.08.2022 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега