Бред Пит одби улога во филм на „Нетфликс“
Бред Пит е еден од најпопуларните и најбарани холивудски актери, а режисерите често се грабаат за него.
Оствари многу значајни улоги во култни филмови, како „Телма и Луиз“, „Мексиканецот“, „Интервју со вампирот“, „Легенда на есента“, „Дванаесет мајмуни“, „Запознај го Џо Блек“, „Да се биде Џон Малкович“, „Борачки клуб“ и многу други.
Соработувал неколкупати со познатиот режисер Дејвид Финчер, поточно на филмовите „Седум“, „Борачки клуб“ и „Чудниот случај на Бенџамин Батон“, а малку е познато дека одбил да глуми во филмот на Финчер, „Убиецот“, кој неодамна беше објавен и се снимаше за „Нетфликс“.
Станува збор за акционен трилер, базиран на истоимениот француски графички роман од 1998 година, а Мајкл Фасбендер на крајот ја игра главната улога во оваа продукција. Сепак, режисерот призна дека првин разговарал со Пит.
„Првично планирав да му ја дадам улогата на Бред Пит уште во 2008 година. Но, неговиот одговор на понудата беше: ‘Ех, ова е премногу нихилистичко за мене’. Ни требаше некој што може да го прифати тој аспект на ликот. Десет години подоцна, кога јас и Енди разговаравме за тоа, помислив на Мајкл Фасбендер“, изјави Дејвид Финчер за „Ролинг стоун“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа