Бред Пит воодушевува со својот младешки изглед

 

 

Бред Пит е еден од најомилените холивудски актери по речиси четири децении во забавната индустрија.

Неговиот изглед деновиве е главна тема на фановите.

Тој ги воодушеви фановите претходно месецов со своето лице, навидум уште помладо од вообичаено, додека снимаше нова реклама во лозје на југот на Франција.

Актерот, кој годинава ќе наполни 60 години, фановите го споредија со Бенџамин Батон, ликот што го глуми, а кој го поминува својот живот стареејќи обратно.

Оскаровецот изгледа беспрекорно во целосно бела комбинација додека снима со актерката Карина Бjут за италијанскиот бренд апарати за домаќинство De’Longhi.

Фотографии на Бред беа повторно споделени на интернет, па фановите коментираа: „Засекогаш млад“, „Бред Пит сè уште е златното момче на Холивуд повеќе од 30 години“, „Бред Пит е вистинскиот Бенџамин Батон“.

А со појавувањето на финалето на Вимблдон актерот продолжи да изненадува со својот изглед.

Тој стана тема на кортот кога камерите се оддалечија од битката на Алкараз и Ѓоковиќ и се префлија на гледачите, каде што холивудското кралство седеше покрај вистинското кралско семејство на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

И додека Бред (59) го враќа часовникот со својот изглед, кој ѝ пркоси на возраста, таблоидите посочија неколку холивудски ѕвезди, кои се родени истата година како него.

Познати личности родени во истата година со Бред Пит

 
21.07.2023 - 23:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега