Британскaта министерка за внатрешни работи остана без чантата: Ја ограбиле додека била на состанок со полицајци

 

На британската министерка за внатрешни работи Диана Џонсон и е украдена чантата на состанок со припадници на полицијата на кој се разговарало за растечкиот проблем со кражбите.

Џонсон на средба таа истакна дека Велика Британија „е зафатена од епидемија на асоцијално однесување, кражби и ограбување на продавници“.

Кражбата се случи пред два дена во Ворвикшир, централна Англија. Локалната полиција соопшти дека се истражува кражбата на чанта во хотелот каде се одржуваше конференцијата.

Неименуван владин претставник изјави дека украдената чанта не претставува безбедносен ризик.

Британското Министерство за внатрешни работи одби да го коментира случајот.

12.09.2024 - 18:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега