Британски медиуми: Принцот Хари на интернет дознал дека кралицата Елизабета починала
Принцот Хари и брат на престолонаследникот Вилијам, сурфајќи на интернет дознал дека починала неговата баба, кралицаата Елизабета Втора.
Како што објави Page Six, тој очајнички се обидувал да дојде до неа на време за да се поздрави, а лошата вест ја дознал читајќи ги порталите. За жал, тој пристигна во Балморал два часа по нејзината смрт.Анонимен извор рекол дека кралот Чарлс III утрото му се јавил на принцот Хари и му рекол дека треба да дојде во Шкотска бидејќи нејзиното здравје е многу лошо. Меѓутоа, подоцна никој од кралското семејство не го известил дека кралицата починала.
Хари и Меган Маркл по погребот останаа уште неколку дена во Лондон и покрај тоа што се во лоши односи со остатокот од семејството. Британските медиуми објавија дека „двете страни се обидуваат да ги решат несогласувањата“.
„Исто така, сакам да ја изразам мојата љубов кон Хари и Меган додека тие продолжуваат да ги градат своите животи во странство“, рече Чарлс претходно.
За потсетување, Хари и Меган живеат во Калифорнија со нивниот син Арчи и ќерката Лилибет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа