Британско село секое утро останувало без интернет: Инженерите се мачеле 18 месеци да го решат проблемот па тогаш го пронашле „виновникот“
Инженерите конечно ја решија загатката што ги мачеше со месеци, бидејќи никој немаше идеја зошто целото село во Велс останува без интернет секое утро точно во 7 часот наутро, пишува Би-Би-Си.
Тие немаа идеја дека еден стар телевизор е виновен за сè. Неименуваниот сопственик на куќа од Аберхосан во провинцијата Пауис не знаел дека сигналот што го емитира неговиот стар уред се меша со работата на широкопојасната мрежа за целото село.
Локалните жители цели 18 месеци се жалеле на бавната интернет конекција, а инженерите не можеле да дознаат зошто се случува ова, секое утро во 7 часот. Тие се обиделе да го решат проблемот со промена на кабелот, но тој метод не се покажал како ефикасен, па откако го добиле уредот за мониторинг, сфатија што се случува.
Стариот телевизор емитувал електрични пречки.
„Секое утро точно во 7 часот“, без грешка, рекол инженерот Мајкл Џонс.
Сопствениците на стариот телевизор се исплашиле кога им беше кажано дека нивниот уред прави проблеми веќе 18 месеци.
Веднаш се согласиле да го исклучат стариот телевизор и повеќе да не го користат.
Откриено е дека телевизорот емитува единствена пулсна бучава на високо ниво (SHINE) што предизвикува електрични пречки во другите уреди.
Џонс вели дека немало повеќе проблеми откако било утврдено која е причината за падот на Интернет во целото село.
Телекомуникациската компанија „ Opeanreach“ соопшти дека многу електронски уреди, од надворешно осветлување до микробранови печки, потенцијално може да предизвикаат пад на широкопојасниот опсег. Тие бараат јавноста да користи електронски уреди што ги исполнуваат британските стандарди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа